ВО ЗАТВОРОТ КУМАНОВО ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ПОПИСОТ НА ОСУДЕНИТЕ И ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА

Во согласност со Законот за попис на населението, домаќинствата и становите
во Р.С Македонија во 2021 година ( ,,Службен Весник на РСМ” бр 19/2021 ),
Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за правда и
Управата за извршување на санкциите, во периодот од 01.03.2021 до
15.03.2021 ќе спроведат претходно попишување на лицата кои се наоѓаат на
издржување казна затвор или мерка притвор во казнено-поправните установи,
како и на децата сторители на кривични дела на кои им е изречена воспитна
мерка и се наоѓаат во Воспитно-поправниот дом Тетово.


Денес, 01.03.2021 год, во КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во
Крива Паланка, во 12:00 часот официјално ќе отпочне попишувањето на
осудените и притворените лица кои престојуваат во оваа установа, а на
настанот ќе присуствуваат Министерот за правда – м-р Бојан Маричиќ,
директорот на Државниот завод за статистика – Апостол Симовски, како и
директорот на Управата за извршување на санкции – Марјан Спасовски.
Веќе од утре, пописот ќе продолжи да се спроведува и во преостанатите десет
казнено-поправни установи и ВПД Тетово во населеното место Волковија, а
целиот процес во согласност со законот треба да се заврши до 15.03.2021.
Со цел успешно спроведување на пописот од страна на Државниот завод за
статистика, а во согласност на министерот за правда, подготвено е упатство за
претходно попишување на лицата кои се наоѓаат во КПУ-ВПУ и истото е
доставено до установите, така што сите активности ќе се спроведат согласно
ова упатство.

ВО ЗАТВОРОТ КУМАНОВО ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА ПОПИСОТ НА ОСУДЕНИТЕ И ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА
Scroll to top