Твининг Проект: Зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациската служба

The IPA 2014 Twinning Project:

“Strengthening of the penitentiary system and the probation service”(MK 14 IPA JH 02 18)

Твининг проектот започна септември 2018 година. Сочинет е од две компоненти и тоа: 

  • Подобрување на казнено-поправниот систем и затворската служба, и
  • Подобрување на пробациската служба 

Заедничка цел на двете компоненти е намалување на повторништвото и претрупаноста на затворите и подобрување на ресоцијализацијата и со тоа и на  јавната безбедност.

Согласно работниот план се реализираа бројни активности поделени во двете компоненти.

Меѓу другите, одржани се 91 работилница, од кои 47 беа во рамките на првата компонента, наменети првенствено за вработените во различните служби во КПУ, како и 44 обуки главно наменети за пробациски службеници. Беа ангажирани 27 експерти од 5 различни земји од ЕУ, и беа опфатени 1462 ученици во обуките и работилниците.

Целите на проектот беа да се подобри ситуацијата во затворите и да се поддржат алтернативните решенија на затворските казни со цел приближување до европските стандарди. Овие цели се суштински дел од кривичната политика на ЕУ. 

Оттаму воспоставена е соработка со Академијата на обука на судии и јавни обвинители и реализирани се обуки (14) со присуство на судии, обвинители и стручни соработници (околу 230) во присуство на  претставници на пробациската служба и секторот за ресоцијализација од КПУ како и на другите засегнати институции.   

Покрај  работилниците кои беа реализирани во рамките на Твиниг проектот беа изработени: Прирачникот со протоколи и работни процедури, Листа на партнери за соработка, Прирачник и брошура за пробациската служба, Нацрт национална стратегија за пробациската служба и многу други работни материјали. Создадено е ново лого за пробациската служба. Одржан е натпревар за избор на постер за визуелна промоција на пробациската служба, и истиот ќе биде промовиран на онлајн Завршниот настан на Твининг проектот кој ќе се одржи на 30.03.2021 март, со почеток во 14.00 часот.

Твининг Проект: Зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациската служба
Scroll to top