На 23 март 2021 година во просторите на Основниот суд Гевгелија во присуство на претседателот на судот г-ѓа Злата Попова, директорот на Управата за извршување на санкциите г-дин Марјан Спасовки и директорот на Затвор Гевгелија г-дин Слободан Џониќ е посетена новата пробациска канцеларија, која е дел од Секторот за пробација при Управата за извршување на санкциите.
Во пробациските канцеларии се врши проценка на ризик на обвинети лица преку употреба на механизам за процена на ризик, изработка на извешатаи за извршена процена на ризик на обвинети лица во текот на судска постапка во согласност со закон, изработка на индивидуална програма за третман за секое лице спрема кое се извршуваат пробациски работи, вршење на заштитен надзор изречен со условна осуда или со условен отпуст; организирање и надзор над извршувањето на општокорисна работа; изработка на писмени извештаи за однесувањето на осуденото лице во текот на издржувањето казната за казнено-поправните установи како и соработка со органите на државнта власт и органите на локална самоуправа и други институции или правни лица на локално ниво во делот на извршувањето на пробациските работи. Функционирањето на Пробациска служба е од особенозначење за реформата на казнено-правниот систем наРепублика Северна Македонија. Целта на Пробацискиот систем е да овозможи почитување на принципите за создавање на побезбедна заедница и зголемување на јавната безбедност и во голема мера да помогне во реинтеграцијата и рехабилитацијата на сторителите на кривични дела и намалување на рецидивизмот, намалување на финансиските трошоци на казнено-поправните установи, намалување на “криминалната инфекција” на ситните криминалци кои што доаѓаат во контакт со сторителите на кривични дела со висок ризик во рамките на затворското опкружување односно средина итн.