ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.04-234/1 – За унапредување на 2 (две) лица припадници на затворска полиција во КПД Прилеп

Врз  основа на член 78 и 79 од Законот за извршување на санкциите (Службен весник на РСМ бр.99/19 и 220/19) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, формата и содржината на образецот за пријавата и начинот на поднесување на документите и доказите за исполнување на условите содржани во огласот,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас за унапредување на припадник на затворска полиција (Службен весник на РСМ бр.121/2021), КПД Прилеп објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.04-234/1

За унапредување на 2 (две) лица припадници на затворска полиција во КПД Прилеп , и тоа на следните работни места

  1. ЗАТ 0204 Г01 001 Виш затворски полицаец во затворска полиција                        – 2 извршители;

Општи услови :

•    да е државјанин на Република Северна Македонија,

•  активно да го користи македонскиот јазик,

• да е полнолетен,

• да има општа здравствена способност за работното место,

• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови :

  • стручни квалификации, и тоа: ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и 180 или 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.
  • Посебни услови: возачка дозвола Б категорија.
  • Работно искуство, и тоа: 8 години работно искуство во струката.
  • Посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места.
  • Да е оценет со оценка ,,ОСОБЕНО СЕ ИСТАКНУВА” или ,, СЕ ИСТАКНУВА” при последното оценување.
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
  • Да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Распоред на работно време :

–   Распоред на работно време : во смени.

–   Работни часови неделно 40

Основна нето плата за работното место Виш затворски полицаец во затворска полиција 19.118,оо денари.

НАПОМЕНА: Предвидени унапредување согласно годишниот план на институцијата за 2021 год.

 Потребни документи :

  • Образец за пријавување на интерен оглас за унапредување(може да се подигне од одделение за управување со човечки ресурси во КПД Прилеп секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот);
  • Уверение за државјанство;
  • Диплома/сведителство за завршено образование
  • Извод од матична книга на родени
  • Лекарско уверение
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
  • Доказ за работно искуство
  • Копија од образец за оценување на припадници на затворска полиција од последната година на оценување
  • Потврда од работодавачот дека за припадникот на затворска полиција во последната година пред објавување на интерниот огласот не му е изречена дисциплинска мерка.
  • Потврди од обуки (доколку ги поседува) како:
  • Посетител на обука
  • Обучувач на обука
  • Како ментор за успешно реализирано менторство

По објавниот интерниот оглас, кандидатите поднесуваат пријава на образец  за пријавување на интерен оглас за унапредување во затворска полиција до установата, во писмена форма преку архивата на установата до организационата единица за управување со човечки ресурси во КПД Прилеп.

Заради докажување на исполнување на општите и посебните услови за работните места, кандидатите за унапредување, кон пријавата приложуваат докази во оригинал или заверени на нотар за исполнување на условите за работните места, издадени од надлежни органи или институции.

Напомена,- кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка;

Рок за пријавување : 5 (пет)  дена од денот на објавување на огласот.

Рок за вршење на избор :

  • Административната селекција за унапредување во затворската полиција се спроведува од страна на Комисијата за селекција за унапредување на припадник на затворската полиција  во рок пет дена од денот по завршување на интерниот оглас.
  • Интервјуто на кандидатите за унапредување кои ја поминале фазата на административна селекција, се спроведува од страна на Комисијата за селекција за унапредување на припадник на затворската полиција во рок од  пет  дена по завршување на фазата на административна селекција.

             – Оглaсот ќе биде објавен објавен на огласната табла во КПД Прилеп и во електронска форма на веб страната на Управа за извршување на санкциите.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.04-234/1 – За унапредување на 2 (две) лица припадници на затворска полиција во КПД Прилеп
Scroll to top