Врз основа на член 67 ст.1 ал.2, член 78 и член 79 од Законот за извршување на санкциите (,,Службен весник на РСМ,, бр.99/19 и 220/19) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, формата и содржината на образецот за пријавата и начинот на поднесување на документите и доказите за исполнување на условите содржани во огласот,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас за унапредување на припадник на затворска полиција (Службен весник на РСМ бр.121/2021), согласно Годишниот план за вработување за 2021 година на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје бр. 0102-600/13 од 01.04.2021 година со позитивно Мислење бр. бр.09-1979/2 од 10.05.2021 година од Министерството за информатичко општество и администрација на РСМ како и Известување бр. 18-3804/5; 18-3803/5; 18-3785/5; 18-3792/5; 18-3793/5; 18-3795/5; 18-3794/5; 18-3797/5; 18-3791/5; 18-3796/5; 18-3790/5; 18-3804/5; 18-3789/5; 18-3788/5; 18-3787/5; 18-3786/5; 18-3802/5; 18-3799/5; 18-3801/5 и 18-3798/5 од 14.07.2021 година од Министерството за финансии на РСМ, КПУ Затвор Скопје-Скопје објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.04-3765 /1
за унапредување на 3 (три) лица припадници на затворска полиција во КПУ Затвор Скопје-Скопје, и тоа на следните работни места
- ЗАТ 0204 В03002 Помлад соработник за обезбедување на стражарски места во Затворска полиција – 3 извршители;
Општи услови :
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место,
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови :
- стручни квалификации, и тоа: стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен/ Одбрана,Економски науки и Наука за земјиште и хидрологија.
- Посебни услови: возачка дозвола Б категорија.
- Работно искуство, и тоа:со или без работно искуство во струката.
- Посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места:
-Активно познавање компјутерски програми за канцелариско работење;
-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски,француски,германски).
- Да е оценет со оценка ,,ОСОБЕНО СЕ ИСТАКНУВА” или ,, СЕ ИСТАКНУВА” при последното оценување.
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
- Да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.
Распоред на работно време :
– Распоред на работно време : во смени.
– Работни часови неделно 40
Основна нето плата за работното место Помлад соработник за обезбедување на стражарски места во затворска полиција 22.047,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени унапредување согласно годишниот план на институцијата за 2021 год.
Потребни документи :
- Образец за пријавување на интерен оглас за унапредување(може да се подигне од одделение за управување со човечки ресурси во КПУ Затвор Скопје-Скопје секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот);
- Уверение за државјанство;
- Диплома за завршено образование;
- Извод од матична книга на родени;
- Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
- Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од шест месеци);
- Доказ за работно искуство;
- Доказ за поседување на важечка возачка дозвола,Б-категорија;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- Копија од образец за оценување на припадници на затворска полиција од последната година на оценување;
- Потврда од работодавачот дека за припадникот на затворска полиција во последната година пред објавување на интерниот огласот не му е изречена дисциплинска мерка;
- Потврди од обуки (доколку ги поседува) како:
-Посетител на обука,
-Обучувач на обука,
-Како ментор за успешно реализирано менторство.
По објавниот интерниот оглас, кандидатите поднесуваат пријава на образец за пријавување на интерен оглас за унапредување во затворска полиција до установата, во писмена форма преку архивата на установата до организационата единица за управување со човечки ресурси во КПУ Затвор Скопје-Скопје.
Заради докажување на исполнување на општите и посебните услови за работните места, кандидатите за унапредување, кон пријавата приложуваат докази во оригинал или заверени на нотар за исполнување на условите за работните места, издадени од надлежни органи или институции.
Напомена,- кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка;
Рок за пријавување : 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на огласот.
Рок за вршење на избор :
- Административната селекција за унапредување во затворската полиција се спроведува од страна на Комисијата за селекција за унапредување на припадник на затворската полиција во рок од пет дена од денот по завршување на интерниот оглас.
- Интервјуто на кандидатите за унапредување кои ја поминале фазата на административна селекција, се спроведува од страна на Комисијата за селекција за унапредување на припадник на затворската полиција во рок од пет дена по завршување на фазата на административна селекција.
– Оглaсот ќе биде објавен објавен на огласната табла во КПУ Затвор Скопје-Скопје и во електронска форма на веб страната на Управа за извршување на санкциите.
Д и р е к т о р на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје,
ФИЛИП АНДОВ