Одржан втор состанок на меѓуресорската група задолжена за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025)

На 3 и 4 ноември 2022 година во хотел „Радика” Маврово, е одржан вториот состанок на меѓуресорската група формирана со Одлука на Владата на РСМ, бр.41-3652/1 од 25.05.2022 година задолжена за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025). Меѓуресорската група направи мониторинг и евалуација на сите активности предвидени во Стратегијата. Оваа меѓуресорска група е должна меѓу другото да подготви информација и да поднесе Годишен извештај до Владата на РСМ за реализираните активности, најдоцна до 31 март наредната година. Овој настан финансиски е покриен и подржан од страна на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, кој е наш партнер во остварувањето на мисијата и визијата на Управата за извршување на санкциите да изгради еден современ пенитенцијарен систем согласно највисоките европски стандарди за извршување на санкциите и алтернативните мерки.

Scroll to top