Во Центарот за тренинг и едукација во периодот од 8 ноември до 7 декември 2022 година се одржаа дводневните обуки на припадниците на затворската полиција. Теми на обуките беа протоколите за постапување на припадниците на затворската полиција и тоа претрес на лица лишени од слобода и простории, протокол за употреба на средства за присилба, постапка во случај на спречување на бегство на лице лишено од слобода, постапка за извршување на спровод вон установата, протокол за спречување на бунт, како и антикорупциските мерки во КПУ и ВПУ. Обучувачи беа припадниците на затворската полиција кои беа дел од работната група за ревидирање на протоколите за постапување на припадниците на затворската полиција како и претставник од Управата за извршување на санкциите задолжен за презентација на антикорупциските мерки кои Управата за извршување на санкциите ги превзема во борбата против корупцијата во затворскиот систем. Во изминатите пет недели оваа обука ја поминаа 100 припадници на затворската полиција.
Одржани обуки на припадниците на затворската полиција