ОБУКА ЗА МЕНТОРСТВО

На 23 и 24 февруари 2023 година во организација на Управата за извршување на санкции во Центарот за тренинг и едукација се реализираше обука за менторство на припадниците на затворска полиција.  

Обуката имаше за цел да едуцира селектирана група на припадници на затворската полиција во процесот на вршење на менторство во периодот на пробна работа.  

Пробната работа се спроведува преку основна обука и работа со ментор.

Особено значајна улога при оспособувањето на новопримените припадници на затворската полиција имаат менторите. Менторство се остварува преку пренесување на знаења и вештини на кандидатите и се врши преку следење и оспособување на кандидатот на пробна работа, и тоа преку практична работа во која менторираниот кандидат спроведува дел од своите работни задачи, подолготрајно набљудување на работењето на менторот, краткотрајно набљудување на работата на менторот во извршување на конкретни работни задачи и добивање на совети од менторот по секоја конкретна активност со цел објаснување на очекувањата од активноста и сумирање на резултатите од работните задачи.

Препознавајќи ја големата улога на менторите во процесот на оспособување на идните припадници на затворската полиција, Управата за извршување на санкциите ја организираше оваа обука со цел да се зајакне улогата на менторот во текот на пробната работа на кандидатот за припадникот на затворската полиција.

Покрај едукаторите од домашниот пенетерцијален систем  во улога на обучувач беше ангажиран и г-дин Алан Колинс, Виш советник за санкции при Одделот за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите кој говореше за компаративните искуства во однос менторството во САД. Обуката ја следеа  28 ментори од редот на припадници на затворската полиција од сите КПУ и ВПУ.

ОБУКА ЗА МЕНТОРСТВО
Scroll to top