ВИДЕО ПРИЛОГ НА РЕДАКЦИЈАТА ,,360 СТЕПЕНИ” ЗА ПРОБАЦИЈА

Преполнетоста на затворите станува сериозен проблем. Директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ  за редакцијата ,,360 степени” изјави дека за да се намали преполнетоста на затворите потребна е поголема употреба на алтернативните мерки и институтот условен отпуст. Истиот смета дека доколку не се направи некоја промена во текот на носењето на пресудите и користењето на алтернативните казни затворскиот систем  во наредните 2-3 години ќе нема можност да ја намали преполнетоста во установите. Притоа, од негова страна беше истакнато дека според бројот на активни случаи пробацијата е втор по големина  затвор  во државата.

              Професионална и обучена Пробациска служба е веќе реалност во Република Северна Македонија.  Воспоставени се 11 пробациски канцеларии во основните судови со проширена надлежност. Истите имаат одлична соработка со судот и другите институции, вклучувајќи го и невладиниот сектор. Пробацискиот службеник Емилија Балтовска истакна дека судот може да определи дополнителен заштитен надзор тогаш кога смета дека целта на условната осуда може да се постигне ако се определат мерки на помош и грижа, надзор и заштита. Самата пробација всушност значи воспоставување на ефикасен систем на санкции и заштитни механизми кои придонесуваат кон намалувањето на криминалитетот, зголемување на заштитата на општеството и на јавната безбедност како и кон ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.  

             Судијата Билјана Коцевска на млада девојка која го сторила кривичното дело ,,Непостапување според  здравствените прописи за време на епидемија,,  и изрекла општокорисна работа, која ја извршувала во Зоолошката градина. Осудената се покажала толку добра во работата што истата ја примиле на работа. Во сторијата е прикажан и успешен случај на ресоцијализација и реинтеграција на осудено лице кое од 2019 година е под надзор од страна на пробациската служба. На истиот му била изречена алтернативната мерка Условна осуда со заштитен надзор. Истиот, со помош, грижа, надзор и заштита од страна на пробациската служба ја ставил под контрола зависноста од дрога и се вработил. Осудениот посочува дека доколку му била изречена затворска казна тоа би било катастрофа за него.

ВИДЕО ПРИЛОГ НА РЕДАКЦИЈАТА ,,360 СТЕПЕНИ” ЗА ПРОБАЦИЈА
Scroll to top