Во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Министерство за образование и наука во моментот се реализира основно образование во КПД Штип, кое го спроведува наставен кадар од ОУ„Гоце Делчев“ и во кое се вклучени 42 осудени лица. Исто така, од страна на ОУ„Његош“ од Скопје основно образование се спроведува во КПД Идризово каде се вклучени 15 осудени лица од женското одделение, додека во ВПД Тетово во обазовен процес се вклучени 10 деца и истиот го спроведува ОУ„Гоце Делчев“ од Брвеница.
Во рамките на проектот „Креирање можности за сите“, беа реализирани и стручни обуки на осудени лица.
Во овој циклус беа опфатени 10 осудените лица кои се на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Скопје. Стручните обуки за занимањето столарство ги спроведуваше СУГС„Георги Димитров“ од Скопје при што во февруари 2021 година по спроведеното тестирање осудените лице се здобија со соодветни сертификати со кои ќе можат да се вклучат во пазарот на труд.
Во КПД Прилепсо обуките за занимање готвач беа опфатени 15 осудени лица, истите ги извршуваше наставен кадар од СОУ„Наум Наумовски Борче“ од Крушево, а по спроведеното тестирање осудените лица се здобија со соодветни сертификати кои ќе придонесат за нивно рамноправно реинтегрирање во општеството по завршување на казната затвор.