Општокорисна работа

Преку Општокорисната работа, како алтернативна мерка, под надлежност на Пробациската служба при Управата за извршување на санкциите се избегнуваат негативните последици од лишувањето од слобода. Оваа мерка има за цел полесно да се ресоцијализираат и рехабилитираат сторителите преку одработување часови за доброто на заедницата. Во 2020 година изречени се вкупно 27 пресуди за општокорисна работа, додека пак заклучно со 25 март 2021 година изречени се 27 пресуди за  општокорисна работа. Фотографиите нашите пробациски службеници ги направија со согласност од сторителите за време на вршење на општокорисната работа во скопската Зоолошка градина и во ЈСП.

Општокорисна работа
Scroll to top