Работна средба

На ден 25.03.2021 година Директорот на Управата за извршување на санкциите г-дин Марјан Спасовски оствари работна средба со г-ѓа Барбара Садовски од Полска, која е тим лидер на проектот за поддршка на социјалните претпријатија, финансиран од Европската унија. Корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика. На средбата учествуваа и претставници на невладините организации ,,IN VIVO,,  и ,,BROTHERHOOD AND SOLIDARITY,,. Средбата беше во насока на остварување на идна соработка преку која осудените лица ќе се стекнат со одредени вештини за работа уште за време на издржувањето на казната затвор и истите ќе добијат можност да бидат вработени во социјалните претпријатија по нивно излегување на слобода.

 

Работна средба
Scroll to top