На 01.07.2021 година во просториите на Тренинг центарот на Управата за извршување на санкциите се одржа Рапид турнир во шах за вработени и осудени лица во казнено-поправните установи. Организатори на истиот беа Шаховската Федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје во соработка со Управата за извршување на санкциите. На турнирот учество земаа повеќе од 30 вработени и осудени лица од казнено-поправните установи од целата држава. На првопласираните од осудените и вработени лица им беа доделени пехари и медали, додека за второ и третопласираните од осудените и вработени лица им беа доделени медали. На директорот на Управата за извршување на санкциите г-дин Марјан Спасовски од страна на Шаховскиот сојуз на Град Скопје и Шаховската федерација му беше доделена благодарница за поддршка и развој на шахот во КПУ и ВПУ. Турнирот беше одлично прифатен од осудените лица и истиот се планира да стане традиционален. Настаните од ваков тип ќе придонесат кон успешна ресоцијализација на осудените лица и нивна повторна реинтеграција во општеството.

Tурнир во шах за вработени и осудени лица во казнено-поправните установи