ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04-531/1 од 30.07.2021 во КПУ Затвор Битола

Врз основа член 78  од Законот за извршување на санкции („Сл.весник на РСМ“ бр.  99/19 и 220/19), , а во врска со Известувањето од Министерството за финансии на Република Македонија, број 18-3804/5,18-3803/5,18-3785/5,18-3792/5,18-3793/5,18-3795/5,18-3794/5,18-3797/5,18-3791/5,18-3796/5,18-3790/5,18-3804/5,18-3789/5,18-3788/5,18-3787/5,18-3786/5,18-3802/5,18-3799/5,18-3801/5,18-3798/5 од 14.07.2021 година и Известувањето од Министерството за финансии на Република Македонија, број 18-6825/2 дека за унапредување на припадници на затворска полиција во КПУ Затвор Битола во Буџетот на Управата за извршување на санкции, за тековната фискална година СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ финансиски средства, КПУ Затвор Битола објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04-531/1 од 30.07.2021 година за унапредување на 2(два) припадници на затворската полиција во КПУ Затвор Битола

КПУ Затвор Битола објавува интерен оглас за унапредување на 2 (два) припадници на затворската полиција на следното работно место:

1. ЗАТ 02 04 Г01 001 виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворска полиција, со звање виш затворски полицаец, 2 (два) извршители.

Општи услови:

– да е државјанин на Република Македонија;

– активно да го користи македонскиот јазик;

– да е полнолетен;

– да има општа здравствена способност за работното место;

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

                Помошно стручниот припадник на затворската полиција од категоријата Г, треба да ги исполни следните посебни услови за работното место :

–  стручни квалификации  за сите нивоа – ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV  според Македонската рамка на квалификации и 180 кредити стекнати според ЕКТС или најмалку вишо или средно образование.

                – работно искуство за нивото Г1 – најмалку осум години работно искуство во струката

                Распоред на работното време:

                – Работни денови: во смени

                – Работни часови неделно: 40

                – Работно време од: 07:00 – 19:00 часот и од 19:00-07:00ч

                Паричен бруто износ на плата: 28.234,00 денари.

Кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во КПУ Затвор Битола, како и:

– да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ при последното оценување;

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

– да поминал најмалку 2(две) години на тековното работно место, и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Право на учество имаат сите припадници на затворската полиција вработени во КПУ Затвор Битола кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Рокот за доставување на документите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласна табла во КПУ Затвор Битола.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Пријавата  со потребната документација треба да се достави преку архивата на КПУ Затвор Битола до организационата единица за управување со човечки ресурси.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04-531/1 од 30.07.2021 во КПУ Затвор Битола
Scroll to top