Двонеделни обуки за новопримените припадници на затворската полиција
Trening centar

Денес на 13 декември 2021 година во Центарот за тренинг и едукација на Управата за извршување  на санкциите под мотото „Во секој одлучувачки момент, најдоброто што можеме да го направиме е вистинската работа, второто најдобро што можеме да го направиме е погрешната работа и најлошто е нешто што можеме да направиме е ништо да не правиме –Рузвелт” започнаа двонеделните обуки на 16 новопримените припадници на затворската полиција од КПД Идризово, КПД Прилеп, КПД Штип и Затвор Скопје. Обуката ќе биде спроведена согласно Програмата за почетна и континуирана обука и проверка на знаењата и способностите на припадниците на затворскиот персонал донесена од страна на министерот за правда. Главната цел на Програмата е овозможување на квалитетна обука, која претставува важен фактор за почетокот на професионалниот ангажман во установата, и која на припадниците на затворскиот персонал, им дава можност за стекнување на знаења, вештини и способности.

Обуката ја отвори директорот на Управата за извршување на санкциите г-дин Марјан Спасовски кој ги поздрави учесниците на обуката и им посака успешна обука. Тој потенцира дека само добро обучен затворски персонал ќе може да се вклопи и да допринесе за квалитетно и професионално функционирање на затворскиот систем. На обуката како обучувачи генерално се вработени од затворскиот систем кои на најзразлични теми ќе ги пренесат своите стекнати знаења и вештини на учесниците на обуката. Во  едуцирањето  на  затворскиот  персонал е предвидено и ангажман на надворешни едукатори  од  редовите на канцеларијата на  Народниот правобранител, Државната комисија за спречување на корупција и од Локалната противпожарна единица. Темите на првата недела од обуката ќе бидат од областа на правна регулатива, коминикација, вештини  за работа  со осудени лица и сл., додека втората недела повеќе ќе биде практично извршување на одредени работни задачи на припадниците на затворската полиција.

Двонеделни обуки за новопримените припадници на затворската полиција
Scroll to top