Здравствената заштита на осудените лица во КПУ

Во текот на 2022 година во рамките на проектот за Јакнење на Капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Република Северна Македонија, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа – Скопје, беа спроведени следните активности на тема здравствена заштита во казнено-поправните установи:

  1. Изработка и пилотирање на Стандардни оперативни процедури за здравствена заштита во КПУ;
  2. Обука за ментално здравје и управување со честите психички нарушувања кај осудените лица;
  3. Здравствена заштита во казнено-поправните установи и медицинска етика;
  4. Спроведување на соодветни обуки за имплементирање на Стратегијата за спречување на самоубиства во КПУ;
  5. Обука за евидентирање на повреди кои укажуваат на несоодветно постапување;
  6. Обука за спречување и третман на заразни болести во КПУ.

Активностите беа спроведени од страна на меѓународно признати консултанти и на истите земаа учество претставници од Управата за извршување на санкциите, припадници на затворската полиција вработени во казнено-поправните установи, како и здравствени работници кои пружаат здравствена заштита на осудените лица во КПУ.

Здравствената заштита на осудените лица во КПУ
Scroll to top