Оваа недела покрај состанокот што се одржа на 15.11.2022 година на кој се разгледуваа предлозите на судиите од Основниот Кривичен суд Скопје, денеска на 18.11.2022 година беше одржан уште еден состанок на работната група задолжена за изработка на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санцкиите.
Состанокот го водеше претседателот на работната група проф. д-р Гордана Лажетиќ, а на состанокот присуствуваа членовите на работната група од УИС, МП, КПД Идризово, ВПД Тетово, Затвор Куманово како и претставниците од Независниот синдикат за затворска полиција и администрација. Денеска се разгледаа предлозите кои беа во насока на подобрување на правата од работен однос пред се на затворската полиција во КПУ и ВПУ, но и на останатите вработени во КПУ, ВПУ и УИС. На состанокот беше поканет и активно учество зема проф.д-р Александар Ристовски, професор по трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје.