Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници ( Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18, „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот за спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (,, Службен весник на РМ “бр. 11/15, 35/18 и 303/20), Управата за извршување на санкциите објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022
За унапредување на два административни службеници
во Управата за извршување на санкциите
Се објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник за следните работни места:
- Раководител на Одделение за буџетска координација и буџетска контрола – Сектор за финансиски прашања, со звање Раководител на одделение, шифра на работното место УПР 01 01 Б04 000 – 1 (еден) извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен-Економски науки;
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
Потребни општи работни компетенции:
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување резултати;
-работење со други/тимска работа;
-стратешка свест;
-ориентираност кон клиенти/ засегнати страни;
-раководење и
-финансиско управување.
Посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
-потврда за положен испит за административно управување.
Паричен износ на основната нето плата за работното место: 30.057,00 денари
- Советник- внатрешен ревизор – Одделение за внатрешна ревизија, со звање – Советник, шифра на работно место УПР 0101В01000 – 1 (еден) извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен-Правни науки, Економски науки
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Потребни општи работни компетенции:
-решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување резултати;
-работење со други/тимска работа;
-стратешка свест;
-ориентираност кон клиенти/ засегнати страни и
-финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
Паричен износ на основната нето плата за работното место: 26.566,00 денари
I. Кандидатите за работните места под реден број 1 и реден број 2 треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени во законот за административните службеници:
-да е државјанин на Република Северна Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
II. На интерниот оглас може да се пријави административен службеник вработен во Управата за извршување на санкциите, кој ги исполнува следните услови:
- да е оценет со оцена А или Б при последното оценување
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
- да поминал најмалку две години на истото ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
III. Распоредот на работното време за работните места е 40 часови седмично, од понеделник до петок, и тоа секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот.
IV. Право на учество на интерниот оглас имаат сите административни службеници вработени во Управата за извршување на санкции кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
V. Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните докази:
-потврда за успешно реализирани обуки (како посеител на обука или како обучувач) и / или
-потврда за успешно реализирано менторство ( како ментор или менториран административен службеник).
VI. Кандидатите, пријавата со потребната документација и доказите за податоците содржани во пријавата, ја доставуваат преку писарницата – архивата на Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите, на ул. Димитрие Чуповски бр. 9, Скопје, како и до следната службена електронска адреса: simonapasoska@mjustice.gov.mk
VII. Кандидатите пријавата со потребните документи треба да ги достават во рок од 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страната на Управата за извршување на санкциите и на Агенција за администрација.
VIII. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, како и пријава со внесени лажни податоци се дисквалификува од понатамошна постапка.
ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА
ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ
Марјан Спасовски