Во рамките на Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во РСМ кој се имплементира од страна на Совет на Европа во насока на подобрување на работа на припадници на затворска полиција се реализираа следниве активности и тоа :
- Донесен Правилник за поблиските услови и начинот на употреба на средства за присилба од страна на припадниците на затворската полиција во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, (арх бр. 01-1175/1 од 12.04.2022 година)
- -Правилник за овластувањата на затворска полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворска полиција, (арх. Бр.01-1176/1 од 12.04.2022 година)
- Изготвени се СОП за употреба на средства за прислиба, СОП за бегство на осудени лица ,СОП за претреси на лица и простории , СОП спречување на бунт во кпу и СОП за спровод на осудени лице.
Активности на Управата за извршување на санкциите во рамките на Национален комитет за сузбивање на насилен екстремизам и борба против тероризам/
- Во август 2022 година спроведено е Пилотирање на СОП за пост пенална помош на осудени радикализирани лица во КПД Идризово;
- Во период од септември до крај на октомври 2022 година спроведено е пилотирање на Индивидуалната Програмата за третман на осудени радикализирани лица во Затвот Скопје ;
Реализирани обуки и активности во делот на обука на затворски персонал во КПУ и ВПУ
- Од почеток на 2022 година започнаа реализирање на активности предвидени во Програмата за почетна и континуирана обука и проверка на знаењата и способностите на припадниците на затворскиот персонал донесена од страна на Министерот за правда
- Завршено е ревидирање на Стратегијата за обука на затворски персонал (2023-2027) во текот на првиот квартал 2023 година ќе биде усвоена од страна на УИС.
- 03-ти и 10-ти февруари, во Центарот за тренинг и едукација, “ Радикализација во Казнено поправните установи ”, На 3ти вкупно ја посетиле 15 вработени лица, а на 10-ти февруари , 14 вработени.
- Три еднодневни каскадни обука на затворски персонал за радикализација во затворите, 23,24 и 25.02.2022 година .
Вкупно ја посетиле 43 вработени од КПУ-ВПУ и пробациски службеници .
- Рубикон-Здружение на граѓани
Едукативни работилници со децата за меки и животно-практични вештини и вештини за вработливост- 20 деца /.12.02.2022, 25.02.2022, 03.03.2022, 11.03.2022
- Рубикон-Здружение на граѓани – сесии за комуникациски вештини,тимско работење и воспоставување на унифициран пристап во работата со децата во ризик со вработени-20 од одделение за третман и затворска полиција/15.02.2022 и 23.02.2022 година
- Холандски Хелсиншки к.
29-31.03.2022 година 8 припадници на затворска полиција
Обука за безбедност во установата.
Холандски Хелсиншки комитет- вежбање на социјални вештини при работа со ТОПС програмата. 3.04.2022, 14.04.2022, 14 вработени од одделение за третман, вежбање на социјални вештини при работа со ТОПС програмата.
- 04.03.2022година од 09-12:00 часот во Центарот за тренинг е спроведена обука на тема “АНТИКОРУПЦИСКИ МЕРКИ ВО КПУ И ВПУ ” од страна на Претседателката на ДКСК, г-ѓа Билјана Ивановска, на раководниот кадар од сите КПУ и ВПУ .
- Oд 7-Ми до 18-ти МАРТ 2022 година во Центарот за тренинг и едукација , реализирана е втора двонеделна – почетна обука за вкупно 14 нововработен лица, припадници на Затворска полиција и тоа од следните КПУ: КПД Струга, КПУ Охрид, КПУ Гевгелија, КПУ Струмица, Тетово и ВПД Тетово .
- 28-30 март – Обука и надгледување на мулти-третмански тимови, со еднодневна обука за персоналот на Центарот за обука (со Атила).
- 14-29.04.2022 г во Центарот за тренинг и едукација , реализирана е трета двонеделна – почетна обука за вкупно 17 нововработен лица, припадници на Затворска полиција.
- 29.04.2022 година – обука на вработените од ВПД Тетово . Обуката е во рамките на проектот Поддршка на децата во конфликт со Законот .
- Обука за МДТ кои работат со радикализирани осудени лица, проследено со дискусија со националните обучувачи и обука под надзор, 04.05.2022,05.05.2022 и 06.05.2022. Вкупно 31 вработен од КПУ ја посетиле обуката .
- 11-12.05.2022/ 17-18.05.2022 / 19-20.05.2022 година, обука за правда на децата, организирана од страна на UNICEF . Учествуваа од ВПД Тетово, КПУ Охрид и Вработени од КПД Идризово кои работат во женското одделение со малолетни лица .
- 7-ми и 8-ми јули, Холандски Хелсиншки комитет- обуки при работа со ТОПС програмата, наменета за одделение за третман, вежбање на социјални вештини при работа со ТОПС програмата.
- 20,21 и 22- ри. Септември , Последователна обука за отпуст и пост-пенална помош за радикализирани осудени лиц.
Управа за извршување на санкции
- Министерство за внатрешни работи
- Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
- Министерство за труд и социјална политика
- Од 08.11.2022 година до 07.12.2022 година, во Центарот за тренинг и едукација, реализирани се пет, дводневни обуки на затврска полиција за ревидирани стандардни оперативни протоколи според стратешка цел 4 и 7 од Нациоланата стратегија за пенитерцијалниот систем на Р.С.Македонија и антикорупциски мерки во КПУ .
Вкупно 100 припадници НА затворска полиција од сите КПУ ја следеа обуката .
- Од 13.12.2022 година до 24.12.2022 година, во Центарот за тренинг и едукација, реализирани се две, дводневни обуки за ревидирани процедури на затврски персонал и антикорупциски мерки во КПУ .
- Вкупно 40 вработено од секторот за ресоцијализација од сите КПУ ја следеле обуката.
Во насока на реализирање на препораки на КПТ во јуни 2022 година Управата за извршување на санкциите изготви Акциски план за постапување по препораките на извештај ( 2019 и 2020) во кој се вметнати сите чекори што Управата, КПУ и ВПУ ги презема. Во однос на тоа КПТ кон крај на октомври 2022 година изрази благодарност во делот на реализираните препораки кои Управата ги превзеде во текот на 2022 година.
Реализирани се голем број на препораки КПТ и тоа :
– Во текот на август 2022 завршено е санирање на условите на вториот кат на објектот т.н амбуланта во КПД Идризово, вкупно 16 простории за престој на осудените лица, додека првиот кат поради несоодветни услови е биде ставен вон употреба.
– Изготвена е програма за почетна обука и континуирана обука на затворски персонал.
– Тренинг центар е ставен во функција и се реализираат обуките во Тренинг центар за едукација при УИС.
– Проект реконструкција на КПУ (II фаза КПД Идризово) добиено е решение од МТВ за одобрение на градба за 2 фаза на КПД Идризово.
– Надминат проблем со јавна водоводна мрежа во КПД Идрзивово во април 2022 година извршен е приклучок;
– Завршена е техничка експертиза за проценка на дефекти во полуотворено одделение во КПД Идризово и распишана е јавна набавка за санирање на состојбата во установата.
Реализирани и тековни проекти кои се реализираат во Управата за извршување на санкциите
- -Проект „ Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во РСМ” кој се имплементира од страна на Совет на Европа (2019-2022)
- -Регионален Проект „Јакнење на пенитенцијарниот систем против радикализација во затворите на Западен Балкан, Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција (2019-2022)
- Проект ,,Воспоставување на пристап воден од разузнавање во Република Северна Македонија со цел побезбедно управување со казнено поправните установи што поттикнува меѓуинституциско работење” (2021-2023)
- -Проект подржан од Амбасада на САД во делот на спроведување на активности во делокругот на работењето на УИС, со акцент на сузбивање на корупција во КПУ и ВПУ
Во чии рамки се обезбеди донација на 4 скенери, модели Astrophusics XIS – 100XD и XIS-53359 кои се распоредени во КПД Идризово, КПД Штип ,Затвор Скопје и Затвор Тетово со цел поголема контрола при влез и излез на сите лица кои влегуваат во установата, како и да спречи внесување на недозволени предмети во установата како една од причините за појава на коруптивни дејства во КПД Идризово.
- Во рамките на Националната програма ИПА II од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), во текот на 2020 година се изгради Судница во непосредна близина на идното Притворско одделение во КПД Идризово, а во текот на 2021 година е реализирана донација од амбасадата на САД во новоизградениот објект Судница Идризово која опфаќа набавка на безбедносна опрема, систем за контрола на пристап и дополна на инсталираниот видео-конференциски систем.
На 30 ноември беше отварање на прва дигитална судницата во КПД Идризово, а на 14 декември беше реализирана прва главана расправа за предмет од одделенот за гонење на организиран кримаинал и корупција при Основен кривичен суд Скопје.
Во рамките на проектот ,,Подобрување на затворските услови за реинтеграција на малолетните осудени лица’’ кој беше под покровителство на MATRA/COPROL, а реализиран со поддршка на Холандскиот Хелсиншки комитет и Холандската Управа за воспитно-поправни институции од јануари 2018 година до октомври 2022 година беа реализирани обуки на вработените од Воспитно поправниот дом Тетово во Волковија.
Со обуките беа опфатени вработени од затворската полиција како и вработени од секторот за ресоцијализација.
Вработените од секторот за ресоцијализација беа запознати со COPOSO методата, а беа обучени и за ТОП С методата за работа со децата. По завршувањето на обуката 8 вработени од секторот за ресоцијализација се здобија со сертификати за примена на ТОП С методата за работа со децата чија примена е една од стратешките цели во Националната стратегија за развој на пенетенцијарниот систем во Р.С.Македонија (2021-2025).
Во рамките на проектот “Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата” Канцеларија на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија организираше обуки на вработените од секторот за ресоцијализација од Воспитно поправниот дом Тетово во Волковија
Согласно предвидените активности дел од децата на кои им е изречена воспитна мерка-упатување во воспитно-поправен дом беа вклучени во неколку активности предвидени во проектот.
Врз основа на соработката на МОН и УНДП во периодот од 01.06.2022 година до 10.10.2022 година беше реализирано основно образование на децата од Воспитно поправниот дом Тетово во Волковија. Со образовниот процес беа опфатени вкупно 14 деца кои се упатени на реализирање на воспитна мерка-упатување во воспитно-поправен дом, при што истите беа поделени во две групи-одделенска и предметна настава. Наставата се реализираше секој работен ден, од понеделник до петок, во период од 9.30 до 12.00 часот, по однапред изготвен распоред на часови.
Од 13.12.2022 година со поддршка на МОН и УНДП повторно е започнато спроведување на основно образование во оваа установа.
АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СМЕСТУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО КПУ И ВПУ
КПД Идризово
-Завршено е реновирање на просторииите наменета за посетители на осудените лица
( чекална);
-извршено е опремување на просториите во отворено одделение во КПД Идризово за вкупно 30 осудени лица.
КПД Штип
КПД Штип реновирани простории за издржуваање на дисциплински казани и простории за слободно видувања на осудените лица со своите брачните другари со цел зајакнување на семејните врски.
КПД Штип изврши обнова на фитнес просторијата и набавка на нова опрема за вежбање, а доби и донација на пинг понг маса од општествена одговорна компанија.
Затвор Скопје
Извршени се реновирања на собите за сместување на притворените лица во притворското одделение на КПУ Затвор Скопје.
КПУ Затвор Скопје изврши набавка на 6 мали машини за перење на алишта, 1 голема професионална машина за перење и 6 машини за сушење на алишта за потребите на осудените и притворени лица.
КПД Прилеп
-Извршена е темелна реконструкција на две санитарни јазли во двете крила. Истите се во насока на подобрување на условите за хигиена на осудените лица во оваа установа
-Во КПД Прилеп извршена е промена на старите со нови прозори во дел од просториите кај осудените лица и во дел од службените простории.
-Извршена е набавка и монтажа на сончеви колктори за топла вода заради подобрување на условите и хигиена на осудените лица.
Затвор Куманово
КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка извршена е доградба на тоалети во притвореното одделение со цел подобрување на условите за притворените лица.
КПУ Затвор Куманово со сопствени средства обезбеди реновирање на собите во Отвореното одделение во Крива Паланка, соби кои се користат од страна на осудените лица за време на нивниот престој. Исто така беа обезбедени и средства за реновирање на дежурната просторија а се со цел подобрување на условите за престој, како за осудените лица така и за вработените лица во отвореното одделение.
Затвор Гевгелија
Со цел подигање на безбедноста на установата на повисоко ниво, во КПУ Затвор Гевгелија на ново поставените безбедносни врати во притворското одделение и на влезот во затворските одделенија, инсталиран е електронско-компјутерски “Систем за контрола на пристап”(Контролери: AR-721HB и Читачи: AR-721HB co TK-картички и TK-жетони
Во КПУ Затвор Гевгелија во тек е реконструкција на објектите, при што се врши замена на дрвените со ПВЦ-прозори, монтирање на нови прозорски заштитни фолии и замена на цоклето на објектите. Оваа реконструкција ќе придонесе кон заштеда на топлинската енергија во објектите.
Во КПУ Затвор Гевгелија во тек е реновирање на просторија за посети на притворени лица-адвокатска соба, амбуланта-лекарска соба, и просторија за затворска полиција-соба за прием на притворени лица. Поставени се нови PVC-прозори, нова електрична и електронска инсталација, а извршени се и молерско-фарбарски работи.
Во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија во завршено реновирање на пријавницата со нов видео надзор на влезот и излезот од установата. Работите ги извршуваат осудени лица, кои се работно ангажирани во установата.
Извршено реновирање на пријавницата со нов видео надзор на влезот и излезот од установата. Работите ги извршуваат осудени лица, кои се работно ангажирани во установата.
Затвор Тетово
-извршено е реновирање на просторијата за верски обреди на осудените лица , просторијата за слободни активности
– завршено е реновирањето на просторијата за работилница-берберница за осудени лица,а завршено е реновирањето на просторијата за групни работилници со осудените лица. Во истата на располагање има проектор, табла, хамери и други материјали потребни за тематски работилници.
– набавени 70 нови душеци FEDER BAU за осудените лица со цел подобрување на условите за престој во установата.
-обезбедени се 100 ќебиња за осудените лица во насока на обезбедување на соодветни услови за престој во установата.
– завршено е реновирање на тоалети во установата
КПД Струга
-извршена е замена на старите прозори и врати со нови;
– извршена е реконструкција на кровот на установата;
-извршено е реновирање на просториите за издржување на дисциплиска казна самица;
БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА
Управата за извршување на санкциите има јасно изразен став во борбата против корупцијата во затворскиот систем во Република Северна Македонија и има воспоставено антикорупциска правна рамка со почитување на принципот на законитост. Управата за извршување на санкциите заедно со казнено-поправните и воспитно-поправните установи се залага за градење на култура на нетолерантност кон корупцијата во затворскиот систем како и јакнење на свеста на вработените преку организирање на обуки и едукации. Во таа насока преземени се повеќе активности и донесени се следните акти и тоа:
- План за спречување на корупција во националниот затворски систем со (2022-2026);
- Годишни планови за спречување на корупција на УИС, КПУ и ВПУ за 2022 и 2023 година и истите се јавно објавени на web страната на УИС;
- Каталог на податоци кој ги содржи податоци во врска со затворскиот систем;
- Квартални извештаји за преземени активности за спречување на корупција за 2022 година;
- Инструментот/Анализа за проценка на ризиците од корупција;
- Назначени лица за прием на пријави од укажувачи во УИС, КПУ и ВПУ и објавени на web страната на УИС;
- Изготвени интерни процедури за прием на пријави од укажувачи за внатрешно и надворешно пријавување;
- Реализирани обуки на затворскиот персонал на тема Кодекс на однесување на службените лица во КПУ и антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ. Врз основа на склучениот меморандум со Државната комисија за спречување на корупција, во соработка со претставник од Управата, претседателот на Државната комисија за спречување на корупција одржа обука на раководни припадници на затворската полиција на тема антикорупциски мерки во КПУ и ВПУ;
- Во УИС, КПУ и ВПУ на видно место поставени се постери и поделени флаери-СТОП КОРУПЦИЈА;
- Донесени подзаконски акти согласно Законот за лобирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 122/22).
ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ
- Донесен е Закон за изменување на Законот за извршување на санкциите (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 236/22) со кој се врши усогласување на Законот за извршување на санкциите со Законот за изменување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија.
- Со решение на министерот за правда д-р Никола Тупанчески, формирана е работна група за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Работната група е задолжена за подобрување и унапредување на одредбите на Законот за извршување на санкциите. Во периодот јули до декември 2022 година одржани се 13 работни состаноци на кои беа разгледани предлозите дадени од Управата за извршување на санкциите, затворскиот персонал, судии, невладини организации. На состаноците покрај членовите на работната група присуствуваа преставници од Американската амбасада во Скопје, ОБСЕ, УНИЦЕФ, Народен правобранител на РСМ, Агенција за заштита на лични податоци и др.
ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
- Правилник за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 94/22);
- Правилник за поблиските услови и начинот на употреба на средствата за присилба од страна на припадниците на затворската полиција во казнено-поправните и воспитно-поправните установи (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 94/22);
- Правилник за остварување и евиденција на контактите за лобирање во управата за извршување на санкциите (арх. бр. 03-942/3 од 03.10.2022 година);
- Правилник за транспарентни процеси на подготвување на стратегии, програми, предлози на закони и подзаконски акти и објавување соопштенија за остварени официјални средби и состаноци (арх. бр. 03-942/3 од 03.10.2022 година).
НАЦИОНАЛНИ СТРАТЕГИИ
- На 87-та седница на Владата на Република Северна Македонија од 13 јули 2022 година усвоена е Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем на Република Северна Македонија (2021-2025) која е донесена од страна на Управата за извршување на санкциите и Совет на Европа.
Со одлука на Влада на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” 122/22 година) формирана е интер-ресорска група за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025).
Донесен е Деловник за работа на интер-ресорска група и одржани се два работни состаноци на кои е направена евалуација на активностите предвидени со Националната стратегија. Подетално, за сите реализирани активности и оценка на спроведување на активностите во Националната стратегија, интер-ресорската група ќе подготви информација и Годишен извештај до Владата на РСМ, најдоцна до 31 март 2023 година.
- Во соработка со Совет на Европа изработена е Национална стратегија за спречување на самоубиство во КПУ. Согласно Стратегијата формиран е Централниот тим за спречување самоубиство во КПУ составен од претставници од Управата за извршување на санкциите и Миистерството за здравство, како и формирани се мултидисциплинарните тимови за спречување на самоубиство во КПУ составени од претставници од секторот за ресоцијализација, припадници на затворска полиција и здравствени работници.
ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Во текот на 2022 година во рамките на проектот за Јакнење на Капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Република Северна Македонија, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа – Скопје, беа спроведени следните активности на тема здравствена заштита во казнено-поправните установи и тоа:
- Изработка и пилотирање на Стандардни оперативни процедури за здравствена заштита во КПУ;
- Обука за ментално здравје и управување со честите психички нарушувања кај осудените лица;
- Здравствена заштита во казнено-поправните установи и медицинска етика;
- Спроведување на соодветни обуки за имплементирање на Стратегијата за спречување на самоубиства во КПУ;
- Обука за евидентирање на повреди кои укажуваат на несоодветно постапување;
- Обука за спречување и третман на заразни болести во КПУ.
РЕАЛИЗИРАНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ, КАЗНЕНО –ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ
Буџетот на Управата за извршување на санкциите заклучно со 28.12.2022 година реализиран е околу 90%. Обезбедени се дополнителни финансиски средства за исплата на регрес (К 15) за вработените во казнено –поправните и воспитно –поправните установи за 2020 година и за 2022 година. Исто така, Владата одобри дополнителни средства во висина од 100.000.000,00 денари за подмирување на доспеаните обврски првенствено за електрична енергија, како и за останатите комунални услуги.
Во делот на капиталните инвестиции за подобрување на условите во КПУ и ВПУ реализирани се следниве активности:
Во КПД Идризово купена е опрема за домска кујна и тоа: казани за готвење храна, триетажни печењари како и термоси за дистрибуција на храна по крила. Санирани се тоалетите и молерисан е објектот амбуланта. Реализирани се градежно занатски работи во ново полуотворено одделение. Изградени се капацитети за водоснабдување. Набавена е опрема за судницата во КПД Идризово. Во Затвор Скопје саниран е кров, заменети се прозори и врати во управната зграда. Набавена е ИТ опрема. Во Затвор Тетово заменета е електричната инсталација во трпезаријата и кујната. Набавена е и ИТ опрема и камери. Во Затвор Струмица изолирана е зградата, санирани се објекти, променети се прозори, плочки, ламинат и сл. Во КПД Прилеп набавени се материјали за изградба на работилница за работно ангажирање на осудени лица, соларни системи, опрема за затворска полиција, видео и ТВ опрема, замјоделска механизација, ПП апарати,клима уреди, шпорет на гас. Во ВПД Тетово набавена е водна пумпа.
Во Годишниот план за јавни набавки за 2022 година, Управата за извршување на санкциите има предвидено вкупно 15 јавни набавки на стоки и услуги. Во вкупната бројка се опфатени и тековни групни набавки со Министерство за правда и ЕСЧП.
Од нив, реализирани се вкупно 6 јавни набавки на стоки и 4 јавни набавки на услуги, односно околу 70% од планираните набавки.
Меѓу најзначајните набавки за тековната година се јавната набавка на службени легитимации со која припадниците на затворска полиција на Република Северна Македонија после 20 години добија службени легитимации. Исто така, набавката на мебел и елементи од ентериер во судска сала во објект Судница во комплексот КПД Идризово овозможи целосно доопремување, отворање и почеток со работа на новата, најголема и најопремена дигитална судница во државата.