Делегација на Република Северна Македонија предводена од В.Д. Директорот на Управата за извршување на санкциите г-н Јовица Стојановиќ учествуваше на Дијалогот на 1 и 3 мај 2024 година на 79 сeсија на Комитетот против тортура на Обединетите нации, на која беше разгледуван четвртиот периодичен извештај по Конвенцијата против тортура и друг суров, нехуман и деградирачки третман или казнување.
Делегацијата ја сочинуваа Амбасадорката во Постојаната мисија на Северна Македонија во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева. Н.Е.д-р Теута Агаи-Демјаха и претставници на мисијата, директорот за мултилатерални односи Н.Е.г-дин Игор Џундев, претставници на Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи и Управата за извршување на санкциите.
Шефот на Делегацијата г-н Стојановиќ во своето воведно обраќање се осврна на постигнатиот напредок во сите сфери од интерес на остварување на човековите права, особено за реформите во правосудниот систем, реформите во пенитенцијарниот систем, реформите на полицијата, здравството и реформите во делот на социјалната заштита. Шефот на Делегацијата истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на постигнување на највисоките стандарди за заштита и унапредување на човекови права.
На седницата Членовите на комитетот дадоа генерална позитивна оценка на направените реформи во последние години , при што во своето завршно обраќање г-н Клод Хелер, претседател на комитетот, се заблагодари на македонската Делегација за конкретните одговори за многуте покренати прашања во текот на конструктивниот дијалог, при што ја пофали државата за висококвалитетниот дијалог. Воедно, Управата за извршување на санкциите на 2 мај 2024 година учествуваше и на презентација на Националниот извештај на Република Северна Македонија за Универзалниот периодичен извештај пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева-Швајцарија, каде Шеф на Делегацијата беше директорот за мултилатерални односи Н.Е.г-дин Игор Џундев . Од страна на државите членки на ОН беа поздравени напорите за спроведување на реформите во сите сфери, вклучувајќи ги и во делот на пенитенцијарниот систем, воедно упатувајќи и препораки до нашата држава. Делегацијата ја сочинуваа Амбасадорката во Постојаната мисија на Северна Македонија во канцеларијата на Обединетите нации во Женева. Н.Е.д-р Теута Агаи-Демјаха и претставници на мисијата, претставници на Собранието, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за надворешни работи, Управата за извршување на санкциите, Академијата за судии и јавни обвинители и Агенцијата за аудиовизуелни услуги.