Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов на 23 април 2025 година ја отвори тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација” која беше организирана во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво.
Воведни излагања на настанот имаа и проектниот координатор Ирена Здравкова, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски и доц.д-р Елена Мујоска Трпеска.
На овој настан учествуваа судии од скопско и гостиварско апелационо подрачје, професори, пробациски службеници, претставници на Совет на Европа.
За време на настанот се разви плодна дискусија во однос на определени предизвици и нивно надминување , идни планови за унапредување на пробациската служба и се истакна важноста од поголема примена на пробацијата со цел намалување на пренатрупаноста на затворите а воедно и успешен процес на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.
Особено беше истакнато дека е надграден и оперативен системот за електронски надзор кој може да се применува кај куќниот затвор и условниот отпуст.


