Одржана втората тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов на 29 мај 2025 година во Струмица ја отвори тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на  пренатрупаноста во затворите:Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација” која беше организирана во соработка со  Академијата за судии и јавни обвинители, Македонското здружение на млади правници и партнерите  Македонско пенолошко друштво, организацијата Избор и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Воведни излагања на настанот имаа и проектниот координатор Ирена Здравкова, г-н Сократ Манчев и доц.д-р Елена Мујоска Трпеска.

Свои излагања на настанот имаа проф.д-р.Гордана Лажетиќ, судиите од Основен кривичен суд Скопје Лидија Петровска и Билјана Коцевска, како и Раководителот на Одделението за надзор над извршување на пробациски работи м-р  Дијана Ѓероска.

На тркалезната маса учествуваа судии и јавни обвинители од штипско апелационо подрачје, директори на затвори, професори, пробациски службеници.

За време на настанот се разви плодна дискусија во однос на повеќе  предизвици  и нивно надминување , идни планови за унапредување на пробациската служба и се истакна важноста од поголема примена на пробацијата со цел намалување на преполнетоста на затворите а воедно и успешен процес на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.

Особено беше истакнато дека е надграден и оперативен системот за електронски надзор кој може да се применува кај куќниот затвор и условниот отпуст. 

Одржана втората тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”
Scroll to top