Одржана третата тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов на 5 јуни 2025 година во Охрид ја отвори третата по ред тркалезна маса на тема “Решенија за намалување на  пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација” Тркалезната маса беше организирана од страна на Управата за извршување на санкциите во соработка со  Академијата за судии и јавни обвинители, Македонското здружение на млади правници и партнерите Македонско пенолошко друштво, организацијата Избор и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Воведни излагања на настанот имаше  проектниот координатор Ирена Здравкова како и доц.д-р Елена Мујоска Трпеска.

Свои излагања на настанот имаа проф.д-р.Александра Груевска- Дракулевски, судиите од Основен кривичен суд Скопје д-р Оља Ристова и Славица Наумова- Јосифовска,  Раководителот на Одделението за надзор над извршување на пробациски работи м-р  Дијана Ѓероска и Христина Здравевска од Станица 5.

На тркалезната маса учествуваа судии и јавни обвинители од битолското  апелационо подрачје, професори, пробациски службеници.

За време на настанот се разви плодна дискусија во однос на повеќе  предизвици  и нивно надминување , идни планови за унапредување на пробациската служба и се истакна важноста од поголема примена на пробацијата со цел намалување на преполнетоста на затворите а воедно и спроведување на успешен процес на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.

Особено беше истакнато дека е надграден и оперативен системот за електронски надзор кој може да се применува кај куќниот затвор и условниот отпуст. 

Одржана третата тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”
Scroll to top