Интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН

На 30 јуни и 1 јули 2025 година во Женева, делегацијата на Македонија предводена од Министертвото за правда учествуваше на интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН во врска со Четвртиот периодичен извештај по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
Покрај сетот на прашања на кој одговараа членовите на делегацијата, одговор се даде и на прашањата во делот на извршување на санкциите и тоа пренатрупаност во затворите, борба против корупција, тортура, правата на осудените лица и др. Претставник од Управата за извршување на санкциите беше дел од делегацијата која ја сочинуваа претставници од МП, МЗ, МВР, МСПДМ,МНР, МОН и др.

Интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН
Scroll to top