Одржани состаноци во 10 судови со проширена надлежност каде Управата за извршување на санкциите има воспоставено пробациски канцеларии

Во текот на месеците септември и октомври 2025 година, директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, заедно со вработени од Секторот за пробација и директорите на казнено-поправните установи одржа 10 состаноци со претседатели на судови и судии кои постапуваат на кривична материја во Основните судови со проширена надлежност каде Управата за извршување на санкциите има воспоставено пробациски канцеларии. Притоа, за време на одржаните состаноци во Основните судови во Штип, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Битола, Гевгелија, Тетово, Велес и во Основниот кривичен суд во Скопје беа истакнати придобивките на пробацијата и беше  потенцирано дека поголема примена на пробацијата и подолго траење на условните отпусти ќе придонесат кон  намалување на преполнетоста на казнено-поправните установи.

Одржани состаноци во 10 судови со проширена надлежност каде Управата за извршување на санкциите има воспоставено пробациски канцеларии
Scroll to top