Како дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, од 16-19.03.2026 година се одржа регионална мисија со експерти од Хрватска во Велес и Штип. За време на мисијата, хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ и раководителката на пробациската канцеларија Загреб 1 Матеа Сршен заедно со пробациските службеници во локалните пробациски канцеларии од овие региони работеа на ревидирање на Инструментот за проценка за потребите од социјална реинтрегација на сторители, како и примена на техники на интервјуа со осудени и обвинети лица.
Притоа, истите заедно со претседателката на судот во Госпиќ Дубравка Рукавина и раководителката на Одделението за надзор над извршување на пробациски работи м-р Дијана Ѓероска на 18.03.2026 година присуствуваа на состанок во Основниот суд во Велес со претседателката на судот Валентина Ѓорѓиевска и судии кои работат на кривична материја. На состаноците експертите и судиите имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од практичната примена на пробацијата, притоа истакнувајќи ги бројните придобивки од поголема примена на истата.
,,Одржан состанок во Основниот суд во Велес на 18.03.2026 година,,
