Започнатата постапка за вработување по јавен оглас бр.3/2025 од 25.07.2025 во КПД Штип продолжува.
Реализирана еднонеделна мисија во Тетово и Куманово со експерти од Хрватска
Како дел од заедничките планирани активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, од 27-31.10.2025 година се реализираше еднонеделна регионална мисија во пробациските канцеларии во Тетово и Куманово. За време на мисијата хрватските експерти Горан Бркиќ и Весна Зелиќ Ферензиќ заедно со практичарите работеа на ревидирање на […]
Одржан состанок на директорот на Управата за извршување на санкциите со претседателот на Судскиот совет, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и претседатели на судови
На 21.10.2025 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители се одржа работен состанок на кој учествуваа директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, директорката на Академијата Ирина Трајкоска Стрезовска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, претседатели на судови и судии кои постапуваат на кривична материја. Темата на состанокот беше поголема примена […]
Посета на хрватската пробациска служба
Во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, претставници на Пробациската служба, судии и јавни обвинители, беа во студиска посета на хрватската пробациска служба од 12 до 15 мај 2025 година. Целта на оваа посета беше да се подобрат знаењата, вештините и компетенциите, да се запознаат примери на добри практики, како и […]
Јакнење на капацитетите на пенитецијарниот систем во Македонија
Во рамките на проектот со Советот на Европа “Јакнење на капацитетите на пенитецијарниот систем во Македонија” на 15 април 2025 година во Александар Палас се одржа Тркалезна маса по оценувачкиот извештај за зголемување на ефикасноста на затворската мрежа во Македонија со цел разгледување на можноста за измена на мрежата на КПУ и ВПУ. Исто така […]
Решен проблемот со здравственото осигурување на осудените лица
На ден 14.02.2025 година директорот на УИС Александар Пандов и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски потпишаа договор со кој се решава проблемот со здравственото осигурување на осудените лица.
Обука на тема “Манипулација на вработени лица од страна на осудени лица и професионализам”
Во Центарот за тренинг и едукација на Управата за извршување на санкциите на ден 16.12.2024 година се одржа обука на тема “Манипулација на вработени лица од страна на осудени лица и професионализам” за директорите на КПД и КПУ. Обуката е поддржана од Амбасадата на САД во Република Македонија.
Трета по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба”
На ден 13.12.2024 година директорот на Управата за извршување на санкциите ја отвораи третата по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба” во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво која се одржа во МАНУ. На оваа работилница учествуваа претседатели на судови, судии, […]
“Сесија за градење на капацитетите на затворската управа“ во организација на Совет на Европа
Во организација на Совет на Европа почнувајќи од 09.12.2024 во Гевгелија се одржа дводневна ,,Сесија за градење на капацитетите на затворската управа”, на која предавања имаа експертите Џорџ Тугуши и Саша Рајиќ. На сесијата учествуваа директорот на УИС Александар Пандов и директорите на сите КПУ и ВПУ.
Се одржа работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност” во Прилеп
На ден 29.11.2024 година во Прилеп директорот на УИС Александар Пандов ја отвори работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност. Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица”, во организација на Македонското здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, НВО Избор, Македонско пенолошко […]
