sankcii

Реализирана еднонеделна мисија во Тетово и Куманово со експерти од Хрватска

Како дел од заедничките планирани активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, од 27-31.10.2025 година се реализираше еднонеделна регионална мисија во пробациските канцеларии во Тетово и Куманово. За време на мисијата хрватските експерти Горан Бркиќ и Весна Зелиќ Ферензиќ заедно со практичарите работеа на ревидирање на […]

Одржан состанок на директорот на Управата за извршување на санкциите со претседателот на Судскиот совет, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и претседатели на судови

На 21.10.2025 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители се одржа работен состанок на кој учествуваа директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов,  директорката на Академијата Ирина Трајкоска Стрезовска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, претседатели на судови и судии кои постапуваат на кривична материја. Темата на состанокот беше поголема примена […]

Одржани состаноци во 10 судови со проширена надлежност каде Управата за извршување на санкциите има воспоставено пробациски канцеларии

Во текот на месеците септември и октомври 2025 година, директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, заедно со вработени од Секторот за пробација и директорите на казнено-поправните установи одржа 10 состаноци со претседатели на судови и судии кои постапуваат на кривична материја во Основните судови со проширена надлежност каде Управата за извршување на […]

Започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор

Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор. Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три […]

Интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН

На 30 јуни и 1 јули 2025 година во Женева, делегацијата на Македонија предводена од Министертвото за правда учествуваше на интерактивен дијалог со Комитетот за човекови права на ОН во врска со Четвртиот периодичен извештај по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.Покрај сетот на прашања на кој одговараа членовите на делегацијата, одговор се даде […]

Tркалезна маса на тема “Решенија за намалување на  пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов на 23 април 2025 година ја отвори тркалезната маса на тема “Решенија за намалување на  пренатрупаноста во затворите: Алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација”  која беше организирана во соработка со  Академијата за судии и јавни обвинители,  Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво.Воведни […]

Обука на тема “Манипулација на вработени лица од страна на осудени лица и професионализам”

Во Центарот за тренинг и едукација на Управата за извршување на санкциите на ден 16.12.2024 година се одржа обука на тема “Манипулација на вработени лица од страна на осудени лица и професионализам” за директорите на КПД и КПУ. Обуката е поддржана од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Трета по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба”

На ден 13.12.2024 година директорот на Управата за извршување на санкциите ја отвораи третата по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба” во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво која се одржа во МАНУ. На оваа работилница учествуваа претседатели на судови, судии, […]

Се одржа работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност” во Прилеп

На ден 29.11.2024 година во Прилеп директорот на УИС Александар Пандов ја отвори работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност. Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица”, во организација на Македонското здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, НВО Избор, Македонско пенолошко […]

Scroll to top