Стојановиќ: Преку пробацијата затворениците се реинтегрираат во општеството
Со Јовица Стојановиќ, директор на управа за извршување санкции, разговаравме и за здравствениот систем в о затворите, здравствената заштита на вработените, но пред сѐ затворениците.
„Она што Управата, позитивно, го направи во овој период е обезбедување на средства со помош ан Владата за здравствено осигурување на сите осудени лица. Гледаме ниту едно осудено лице да не го оставиме без здравствена заштита. Знаете дека имаме и многу зависници, меѓутоа имаме многу оние што се психијатриски случаи. Јавноста можеби не е доволно запознаена дека кај нас не ретко се сместуваат и лица со психичка попреченост, психијатриски нарушувања и навистина на нив местото не им е во нашите установи. Можеби би требало да има посебен оддел низ клиниките во републиката. Сме во добра комуникација со Министерството за здравство, секаде каде што има најблиска здравствена установа до затворите е должна и ја презема улогата на пружање на здравствена услуга на затворениците“, истакна Стојановиќ.
Стојановиќ изјави дека Министерството за здравство на сите здравствени работници кои ќе пружаат здравствена помош на затворениците им даваат повисока плата и други бенефиции.
„Сите тие што се сместени во затворите се наши комшии, роднини и идни комшии можеби, кои во одреден период од животот завршиле во тие установи и оттаму не треба да се вратат како поголеми криминалци. Напротив, треба во тој период од животот да им се пружи здравствената заштита да се едуцираат, да се обучат и по завршување на затворската казна да се вратат преку пробацијата преку мерката условен отпуст да се реинтегрираат во општеството“, истакна Стојановиќ.
Џабир Дерала
обработка на текст и фотографија: Б. Јорднаовска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски