Обука на затворските лекари и останатиот здравствен персонал за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно постапување
ObukaZLekari

Во рамките на Проектот “Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија за Западен Балкан и Турција 2019-2022 година”, на 7-8 октомври 2021 година во хотел Хилтон Скопје, се одржа Обука на затворските лекари и останатиот здравствен персонал за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно постапување, организирана од Совет на Европа.

На обуката предавачи беа експертите од областа на судска медицина г-а Марија Дефинис Гојановиќ и г-дин Ѓорѓе Алемпијевиќ кои дадоа посебен осврт на следните теми:

  • Медицинско-правни аспекти на телесните повреди – механички трауми
  • -Употребени методи на тортура (според извештаите на Комитетот за спречување на тортура, КПТ и судската  пракса на Европскиот суд за човекови права) 
  • Стандарди на КПТ за детектирање, документирање и известување за знаците на (телесна) траума
  • Истанбулска конвенција – принципи за оценување на конзистентноста
  • Смрт во притвор – кои се задачите на здравствениот персонал

На обуката учество земаа медицинскиот персонал од казнено-поправните установи и претставници од Управата за извршување на санкциите. Обуката е од особено значање со цел правилно и навремено да се евидентираат повредите кои укажуваат на несоодветно постапување на затворскиот персонал спрема осудените и притворените лица, детектирање, документирање и известување доколку постојат знаци на насилство.

Обука на затворските лекари и останатиот здравствен персонал за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно постапување
Scroll to top