На ден 13.12.2024 година директорот на Управата за извршување на санкциите ја отвораи третата по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба” во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонско пенолошко друштво која се одржа во МАНУ. На оваа работилница учествуваа претседатели на судови, судии, обвинители, професори, директори и вработени од казнено-поправните установи, вработени од Управата за извршување на санкциите, и претставници на Совет на Европа, претставници на ЈЗУ како и на останатите релевантни институции. За време на настанот се разви плодна дискусија во однос на определени предизвици и нивно надминување како и идни планови за унапредување на пробациската служба.

Трета по ред работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност и унапредување на пробациската служба”