На 21.10.2025 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители се одржа работен состанок на кој учествуваа директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов, директорката на Академијата Ирина Трајкоска Стрезовска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, претседатели на судови и судии кои постапуваат на кривична материја. Темата на состанокот беше поголема примена на пробацијата, вклучително и подолго траење на условните отпусти, во насока на намалување на преполнетоста на казнено-поправните установи и успешно спроведување на процесот на ресоцијализација. За време на состанокот се разви плодна дискусија, и притоа од страна на претседателот на Судскиот совет беа охрабрени судиите за поголема примена на пробацијата и подолго траење на условните отпусти.
Одржан состанок на директорот на Управата за извршување на санкциите со претседателот на Судскиот совет, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и претседатели на судови









