Реализирана еднонеделна регионална мисија во Битола, Прилеп и Охрид со експерти од Хрватска

Како дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, од 24-28.11.2025 година се одржа еднонеделна регионална мисија со експерти од Хрватска во Битола, Прилеп и Охрид.
За време на мисијата, хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ и раководителката на пробациската канцеларија Загреб 1 Матеа Сршен заедно со пробациските службеници во локалните пробациски канцеларии од овој регион работеа на ревидирање на Инструментот за проценка за потребите од социјална реинтрегација на сторители, како и примена на техники на интервјуа со осудени и обвинети лица. Воедно, истите заедно со претседателката на судот во Госпиќ Дубравка Рукавина и раководителката на Одделението за надзор над извршување на пробациски работи м-р Дијана Ѓероска присуствуваа на три состаноци во Основните судови во Битола, Прилеп и Охрид.
Првиот состанок се одржа во Основниот суд во Битола со претседателката на судот м-р Татјана Петровска и судии кои работат на кривична материја.
Вториот состанок се одржа во Основниот суд во Прилеп со претседателката на судот Јасмина Шишковска Стојковиќ и судии кои работат на кривична материја во судот.
Третиот состанок се одржа со претседателот на Основниот суд во Охрид Бојан Мартиноски и судија која работи на кривична материја. На состаноците експертите и судиите имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од практичната примена на пробацијата, притоа истакнувајќи ги бројните придобивки од поголема примена на истата.

Реализирана еднонеделна регионална мисија во Битола, Прилеп и Охрид со експерти од Хрватска
Scroll to top