Одржана работилница на тема ,,Новата стратегија на службата за пробација”

Како дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на 3-ти и 4-ти март 2026 година во Велес се одржа работилница на тема ,,Новата Стратегија на службата за пробација”. Директорот на Управата, Александар Пандов, присуствуваше на отварање на работилницата и истиот ги истакна бројните придобивки од пробацијата и  важноста на стратешкото планирање на нејзиниот дополнителен развој и унапредување. Работилницата ја водеа хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ, Раководителката за стратешко планирање Весна Зелиќ Ферензиќ и раководителката на пробациската канцеларија Загреб, Матеа Сршен.  На истата присуствуваа лидерот на проектот Барбара Лиегл, претставниците на Управата и пробациските службеници од локалните пробациски канцеларии.

Одржана работилница на тема ,,Новата стратегија на службата за пробација”
Scroll to top