На ден 19.03.2026 година директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов и претставници на Секторот за пробација присуствуваа на состанок со претседателот на Основниот суд во Штип Ацо Тасев и судии кои работат на кривична материја. Состанокот е дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.На состанокот присуствуваа хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ , раководителката на пробациската канцеларија Загреб 1 Матеа Сршен и претседателката на судот во Госпиќ Дубравка Рукавина. Притоа, присутните имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од досегашната примена на пробацијата, а воедно беше потенцирано дека поголема примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите и кон намалување на преполнетоста на казнено-поправните установи.
,,Одржан состанок во Основниот суд во Штип на 19.03.2026 година”
