Во јуни 2025 година беше донесена првата пресуда од Основниот суд Велес со која беше изречен куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице. Притоа, во февруари 2026 година е донесено првото Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кои издржувало казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, остатокот од неиздржаниот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена се заменува и истиот ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Станува збор за возрасно осудено лице кај кое има сериозни потврдени здравствени проблеми кои беше предизвик да се третираат во затворската установа. Решението е донесено од страна на Основниот суд во Струга. . Во март 2026 година донесено е второ Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кое требало да издржува казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, казната во траење од 1 година ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Решението е донесено од страна на Основниот суд во Охрид. Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација. Месно надлежните пробациски канцеларии се во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерките, а Одделението за електронски надзор 24/7 го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор. Важно е да се потенцира дека овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ги предвид возраста и здравствените состојби на сторителите воедно претставува и похуман начин на извршување на казната. Управата за извршување на санкциите веќе втора година по ред склучува договор за одржување на опремата за електронски надзор.
,,Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена”
