Во организација на Совет на Европа почнувајќи од 09.12.2024 во Гевгелија се одржа дводневна ,,Сесија за градење на капацитетите на затворската управа”, на која предавања имаа експертите Џорџ Тугуши и Саша Рајиќ. На сесијата учествуваа директорот на УИС Александар Пандов и директорите на сите КПУ и ВПУ.
Се одржа работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност” во Прилеп
На ден 29.11.2024 година во Прилеп директорот на УИС Александар Пандов ја отвори работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност. Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица”, во организација на Македонското здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, НВО Избор, Македонско пенолошко […]
Се одржа работилница на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност”
На ден 04.10.2024 година директорот на УИС, Александар Пандов ја отвори работилницата на тема “Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност. Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешнаресоцијализација и реинтеграција на осудените лица.” На оваа работилница беа присутни директорите и замениците на директорите на казнено-поправните установи и казнено-поправните домови, како и Доц.д-р Елена […]
В.Д Директорот на Управата за извршување на санкциите г-н Јовица Стојановиќ ја предводеше Делегацијата која учествуваше на 1 и 3 мај на Дијалогот на 79 сесија на Комитетот против тортура на Обединетите нации
Делегација на Република Северна Македонија предводена од В.Д. Директорот на Управата за извршување на санкциите г-н Јовица Стојановиќ учествуваше на Дијалогот на 1 и 3 мај 2024 година на 79 сeсија на Комитетот против тортура на Обединетите нации, на која беше разгледуван четвртиот периодичен извештај по Конвенцијата против тортура и друг суров, нехуман и деградирачки […]
КПД Штип
Осудениците во КПД Штип имаат можност за ресоцијализација и промена на нивните навики, со цел повторна социјална адаптација за понатамошниот живот по издржувањето на казната затвор.
ВИДЕО ПРИЛОГ НА РЕДАКЦИЈАТА ,,360 СТЕПЕНИ” ЗА ПРОБАЦИЈА
Преполнетоста на затворите станува сериозен проблем. Директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ за редакцијата ,,360 степени” изјави дека за да се намали преполнетоста на затворите потребна е поголема употреба на алтернативните мерки и институтот условен отпуст. Истиот смета дека доколку не се направи некоја промена во текот на носењето на пресудите и […]
ОБУКА ЗА МЕНТОРСТВО
На 23 и 24 февруари 2023 година во организација на Управата за извршување на санкции во Центарот за тренинг и едукација се реализираше обука за менторство на припадниците на затворска полиција. Обуката имаше за цел да едуцира селектирана група на припадници на затворската полиција во процесот на вршење на менторство во периодот на пробна […]
Превземени мерки и активности на Управата за извршување на санкциите во насока на воспоставување, развој и унапредување на пробациската служба
Денес со задоволство можеме да кажеме дека имаме воспоставена функционална пробациска служба во нашата земја. Управата за извршување на санкциите континуирано презема мерки за ефикасно извршување на алтернативните санкции и мерки преку воспоставување и унапредување на пробацискиот систем во државата. Вкупно 11 пробациски канцеларии се функционални, за подрачјата на првостепените судови во Скопје, Куманово, […]
ПРЕВЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ВО ТЕКОТ НА 2022 ГОДИНА
Во рамките на Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во РСМ кој се имплементира од страна на Совет на Европа во насока на подобрување на работа на припадници на затворска полиција се реализираа следниве активности и тоа : Донесен Правилник за поблиските услови и начинот на […]
Одржани обуки на припадниците на затворската полиција
Во Центарот за тренинг и едукација во периодот од 8 ноември до 7 декември 2022 година се одржаа дводневните обуки на припадниците на затворската полиција. Теми на обуките беа протоколите за постапување на припадниците на затворската полиција и тоа претрес на лица лишени од слобода и простории, протокол за употреба на средства за присилба, постапка […]
