Вести

Здравствената заштита на осудените лица во КПУ

Во текот на 2022 година во рамките на проектот за Јакнење на Капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Република Северна Македонија, во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа – Скопје, беа спроведени следните активности на тема здравствена заштита во казнено-поправните установи: Изработка и пилотирање на Стандардни […]

Одржан втор состанок на меѓуресорската група задолжена за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025)

На 3 и 4 ноември 2022 година во хотел „Радика” Маврово, е одржан вториот состанок на меѓуресорската група формирана со Одлука на Владата на РСМ, бр.41-3652/1 од 25.05.2022 година задолжена за следење и оценка на спроведување на активностите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-2025). Меѓуресорската група направи […]

Работна група за изработка на Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите

На ден 14.09.2022 година во конференциската сала на Министерството за правда беше одржан состанок на работната група задолжена за изработка на Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. На состанокот беа разгледани дел од мислењата добиени од основните судови со основна и проширена надлежност во Република Северна Македонија во однос на […]

Двонеделни обуки за новопримените припадници на затворската полиција

Денес на 13 декември 2021 година во Центарот за тренинг и едукација на Управата за извршување  на санкциите под мотото „Во секој одлучувачки момент, најдоброто што можеме да го направиме е вистинската работа, второто најдобро што можеме да го направиме е погрешната работа и најлошто е нешто што можеме да направиме е ништо да не […]

Обука на затворските лекари и останатиот здравствен персонал за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно постапување

Во рамките на Проектот “Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија за Западен Балкан и Турција 2019-2022 година”, на 7-8 октомври 2021 година во хотел Хилтон Скопје, се одржа Обука на затворските лекари и останатиот здравствен персонал за евидентирање на повредите кои укажуваат на несоодветно […]

Tурнир во шах за вработени и осудени лица во казнено-поправните установи

На 01.07.2021 година во просториите на Тренинг центарот на Управата за извршување на санкциите се одржа Рапид турнир во шах за вработени и осудени лица во казнено-поправните установи. Организатори на истиот беа Шаховската Федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје во соработка со Управата за извршување на санкциите. На турнирот учество земаа повеќе […]

Oбука во врска со спроведување на Стратегија за спречување на самоубиствата во казнено-поправните установи

На  22-23 јуни во Александар Палас – Скопје,  во рамките на проектот – Јакнење на капацитетот  на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизем  за контрола на полиција  во Северна Македонија се одржа обука  во  врска со  спроведување на Стратегија  за  спречување на  самоубиствата во  казнено-поправните установи. Стратегијата е изработена од страна на меѓународните експерти Марија […]

Општокорисна работа

Преку Општокорисната работа, како алтернативна мерка, под надлежност на Пробациската служба при Управата за извршување на санкциите се избегнуваат негативните последици од лишувањето од слобода. Оваа мерка има за цел полесно да се ресоцијализираат и рехабилитираат сторителите преку одработување часови за доброто на заедницата. Во 2020 година изречени се вкупно 27 пресуди за општокорисна работа, […]

Работна средба

На ден 25.03.2021 година Директорот на Управата за извршување на санкциите г-дин Марјан Спасовски оствари работна средба со г-ѓа Барбара Садовски од Полска, која е тим лидер на проектот за поддршка на социјалните претпријатија, финансиран од Европската унија. Корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика. На средбата учествуваа и претставници на невладините […]

Свечена промоција на завршниот настан на ИПА Твининг проектот,, Јакнење на казнено- поправниот систем и пробациската служба”

 На ден 30.03.2021 година се одржа свечена промоција на  завршниот настан на ИПА Твининг проектот,, Јакнење на казнено- поправниот систем и пробациската служба”,  финансиран од ЕУ, а чиј корисник беше Управата за извршување на санкциите.           На настанот воведни обраќања имаа г-дин Бојан Маричиќ, Министер за правда, г-дин Јулиан Васало, Заменик шеф на делегацијата на ЕУ,  […]

Scroll to top